WEBVTT

00:00:00.000 --> 00:00:03.071
[свири музика]

00:00:03.110 --> 00:00:04.703
Тангаил, Бангладеш

00:00:04.703 --> 00:00:08.097
-Џоуди Мон Каан беше една од
првите лица кои добија заем.

00:00:08.097 --> 00:00:13.160
Во декември 1979 година, таа за прв пат
дозна за оваа нова организација

00:00:13.160 --> 00:00:16.430
која дава заеми па дури и на
сиромашни жени како неа.

00:00:16.916 --> 00:00:19.524
Денеска, таа се сеќава
на различниот живот

00:00:19.524 --> 00:00:23.801
во кој секој ден беше борба, само
да се задржи кров над нивните глави.

00:00:23.801 --> 00:00:28.431
-Мојата куќа беше направена
од слама, исто и кровот.

00:00:29.101 --> 00:00:36.913
Кога врнеше, внатре се
беше мокро.

00:00:37.318 --> 00:00:42.371
Ги покривав моите деца
за да не се наводенат.

00:00:42.715 --> 00:00:49.476
Се обидував да ставам листови од банана
на кровот за да се заштитиме.

00:00:49.800 --> 00:00:53.458
-Таа се омажила во 1962 година
на возраст од 10 години

00:00:53.458 --> 00:00:56.211
и го родила своето прво дете
кога имала 15 години.

00:00:56.474 --> 00:00:58.885
Нејзиниот сопруг работел
како полски работник,

00:00:58.885 --> 00:01:01.187
заработувајќи помалку од 20 центи на ден.

00:01:01.187 --> 00:01:04.371
Да се обезбеди доволна храна за јадење
било постојана борба.

00:01:04.837 --> 00:01:08.241
Таа со тешкотија зборува
за тие тешки времиња.

00:01:08.848 --> 00:01:10.848
-Никогаш нема да го заборавам тоа време.

00:01:10.848 --> 00:01:13.321
Секогаш верував дека Господ ќе
помогне, но постојано чекавме.

00:01:13.645 --> 00:01:16.236
Моите деца гладуваа до смрт.

00:01:16.236 --> 00:01:20.088
Извинете, не можам да зборувам за ова...

00:01:21.604 --> 00:01:25.104
Тешко е да се објасни колку многу
се мачев во мојот живот.

00:01:28.120 --> 00:01:31.547
Навистина е болно да се зборува за тоа.

00:01:31.992 --> 00:01:36.511
Но сега Господ ни помогна.

00:01:38.616 --> 00:01:41.068
Никогаш не сум имала ваква облека.
Имав само едно парче облека.

00:01:41.068 --> 00:01:43.687
Ќе исперев еден дел од облеката
и мокра ја носев на себе,

00:01:43.687 --> 00:01:46.584
а потоа ќе го исперев и другиот дел.

00:01:47.414 --> 00:01:51.167
Сега, со благодат од Господ,
имам многу повеќе.

00:01:51.936 --> 00:01:54.642
Што да кажам повеќе?

00:01:58.002 --> 00:02:00.330
-Во јануари 1980 година,

00:02:00.330 --> 00:02:04.431
Џоуди Мон го земала својот прв заем
за што чувствувала голема вознемиреност.

00:02:04.998 --> 00:02:09.513
Заемот бил во износ од
600 така или околу 10 долари.

00:02:09.837 --> 00:02:12.229
Со парите, таа купила машина за лупење на ориз

00:02:12.229 --> 00:02:15.607
и започнала да лупи и продава ориз
на локалните продавачи.

00:02:15.992 --> 00:02:20.347
Следната година таа работела напорно
за да ги враќа неделните рати од заемот.

00:02:20.590 --> 00:02:25.220
Џоуди Мон ја вратила последната рата
на 01 јануари, 1981 година.

00:02:25.524 --> 00:02:27.524
За прв пат во својот живот

00:02:27.524 --> 00:02:30.411
таа и нејзиното семејство
јадеа 3 оброци на ден.

00:02:31.342 --> 00:02:34.199
-На почетокот се плашев
да земам заем.

00:02:34.199 --> 00:02:36.341
Луѓето ми велеа дека
ако не успеам да го вратам,

00:02:36.341 --> 00:02:40.900
луѓето од банката ќе
ме убијат заради парите.

00:02:41.193 --> 00:02:43.539
Да, јас бев многу уплашена.

00:02:44.288 --> 00:02:47.979
Но кога конечно го вратив
првиот заем од 600 така,

00:02:47.979 --> 00:02:50.983
се почувствував храбро. Па затоа,
побарав нов заем!

00:02:51.570 --> 00:02:54.384
Потоа побарав заем од 2000 така.

00:02:55.983 --> 00:02:58.244
-Во последните 25 години,

00:02:58.244 --> 00:03:01.376
Џоуди Мон успешно зема
поголеми заеми

00:03:01.376 --> 00:03:05.083
и истите ги враќа, преку неколку
различни бизниси.

00:03:05.285 --> 00:03:07.771
Иако не сите нејзини бизниси
биле успешни,

00:03:07.771 --> 00:03:10.266
таа акумулирала доволно средства
за да се чувствува безбедно

00:03:10.266 --> 00:03:13.645
и во случај ако работата не оди
да не дозволи тоа да биде пропаст за семејството.

00:03:14.171 --> 00:03:16.506
Сега нејзините внуци уживаат во живот

00:03:16.506 --> 00:03:19.460
кој бил незамислив
пред 2 децении.

00:03:20.047 --> 00:03:22.580
Џоуди Мон ќе ви рече дека
сето тоа започнало

00:03:22.580 --> 00:03:24.171
со заем од 10 долари.

