WEBVTT

00:00:00.000 --> 00:00:02.160
-Профит.

00:00:02.160 --> 00:00:05.770
Тоа е грнето со злато
кое го посакува секој претприемач

00:00:05.770 --> 00:00:07.640
но како термин во економијата,

00:00:07.640 --> 00:00:11.030
профитот има 3 многу различни,
многу специфични,

00:00:11.030 --> 00:00:13.030
скоро непознати значења.

00:00:13.030 --> 00:00:17.510
За да го дефинираме профитот, отидовме во
едно од најдобрите бизнис училишта во земјата

00:00:17.510 --> 00:00:19.330
расадник за претприемачи

00:00:19.330 --> 00:00:22.860
кои се надеваат дека ќе започнат свои
високо профитабилни компании.

00:00:22.860 --> 00:00:23.940
-Кога на крај ќе сумираме,

00:00:23.940 --> 00:00:26.600
можете да ги видете нашите проектирани
финансиски планови за следните 5 години.

00:00:26.600 --> 00:00:29.510
-Колеџот Бабсон оддржува
познат годишен натпревар

00:00:29.510 --> 00:00:31.560
каде студентите се натпреваруваат
за парична награда

00:00:31.560 --> 00:00:33.560
како помош за отворање на вистински компании.

00:00:33.870 --> 00:00:34.930
Судиите,

00:00:34.930 --> 00:00:39.100
вистински извршни менаџери кои го оценуваат
профитниот потенцијал на, во овој случај,

00:00:39.100 --> 00:00:41.330
нова компанија која ќе изработува голф палки

00:00:41.330 --> 00:00:44.160
чии советници се поврзани
со постари голф херои.

00:00:44.160 --> 00:00:46.780
-Тој претходно беше претседател
на компанијата Бен Хоган.

00:00:46.780 --> 00:00:48.910
Тој всушност ги дизајнираше
светски познатите Хоган железни палки

00:00:48.910 --> 00:00:51.540
заедно со Бен,
и го има потребното искуство

00:00:51.540 --> 00:00:53.540
да води успешна компанија за голф палки.

00:00:54.110 --> 00:00:58.530
-Многу добро, ти благодарам.
Вашето предјадење сега ќе биде послужено.

00:00:58.530 --> 00:01:01.730
-Но ние ќе се фокусираме на
профитниот потенцијал на Кисмет,

00:01:01.730 --> 00:01:04.420
алтернатива на ресторан
за парови кои се забавуваат.

00:01:04.420 --> 00:01:06.420
-Уживајте. Добар апетит.

00:01:06.420 --> 00:01:10.350
-Како што домашното видео на Кисмет
се обидува да им покаже на судиите,

00:01:10.350 --> 00:01:12.920
паровите вообичаено ги брзаат
за време на вечера за која се надеваат дека ќе биде

00:01:12.920 --> 00:01:14.240
романтичен оброк.

00:01:14.240 --> 00:01:16.240
-Повелете вашата сметка за оваа вечер.

00:01:16.240 --> 00:01:18.750
-Таквите ресторани можеби се
профитабилни на почетокот,

00:01:18.750 --> 00:01:21.480
но нема да бидат ако на крај
ги бркаат своите муштерии.

00:01:21.480 --> 00:01:24.600
-Што? Се уште сте тука.
Ние сме веќе затворени. Треба да си одите сега.

00:01:24.600 --> 00:01:27.100
[публиката се смее]

00:01:27.120 --> 00:01:29.900
-Не, тоа нема да се случи.
Ние ќе одиме во Кисмет.

00:01:29.950 --> 00:01:32.620
-Кисмет, името на
арапска љубовна приказна.

00:01:32.620 --> 00:01:35.650
е дизајниран да биде
попријатно искуство,

00:01:35.650 --> 00:01:38.460
ресторанска атмосфера во која
паровите соработуваат

00:01:38.460 --> 00:01:43.780
за да си направат свои десерти-
мало чоколадо, јагода...

00:01:43.780 --> 00:01:46.870
-...во мала алтернативна,
многу приватна атмосфера

00:01:46.870 --> 00:01:48.350
со малку жива музика,

00:01:48.350 --> 00:01:50.920
добивате тоа што го нарекуваме
Кисмет искуство.

00:01:50.920 --> 00:01:56.860
[публиката аплаудира]

00:01:56.860 --> 00:02:00.070
-На страна романсата, овие
натпреварувачи се вистински

00:02:00.090 --> 00:02:03.130
примери на
економисти мажи и жени,

00:02:03.130 --> 00:02:06.320
кои се обидуваат да ги убедат судиите
дека ќе успеат да генерираат добар профит

00:02:06.320 --> 00:02:08.320
од различните услуги кои ги нуди Кисмет.

00:02:08.320 --> 00:02:12.370
-...смуди од брусница,
или негови или нејзини јин јенг подметачи.

00:02:12.370 --> 00:02:15.100
-Малку хумор за да се придобијат судиите.

00:02:15.100 --> 00:02:18.260
Профитот, сепак,
не е нешто за смеење.

00:02:18.260 --> 00:02:21.040
Но што всушност значи
профит во економијата?

00:02:21.040 --> 00:02:23.040
Тоа е всушност она кое сега ќе ви го покажеме.

00:02:23.040 --> 00:02:25.830
Она што ние го нарекуваме профит
е познато во економијата

00:02:25.830 --> 00:02:27.830
како сметководствен профит..

00:02:27.830 --> 00:02:31.680
Тоа едноставно се сите приходи
минус сите експлицитни трошоци

00:02:31.680 --> 00:02:34.680
како плати, репро материјали, итн.

00:02:34.680 --> 00:02:40.950
Одземете ги трошоците од приходот
и ќе добиете сметководствен профит.

00:02:40.950 --> 00:02:45.470
Па така, да речеме дека Кисмет има приход
од 301.000 долари во првата година,

00:02:45.470 --> 00:02:48.760
има експлицитни трошоци од 300.000 долари,

00:02:48.760 --> 00:02:53.440
на крај ќе излезе дека е остварен
сметководствен профит од 1000 долари.

00:02:53.440 --> 00:02:56.330
Но ова е само
една дефиниција за профит.

00:02:56.330 --> 00:02:59.830
Сметководствениот профит само
ги нагласува експлицитните трошоци

00:02:59.830 --> 00:03:02.610
кои се разбира вие сакате
да ги задржите што е можно пониски.

00:03:02.610 --> 00:03:04.610
-Па така, тоа навистина, знаете,

00:03:04.610 --> 00:03:07.800
ни помага во оддржување на
нашите профити на високо ниво.

00:03:07.800 --> 00:03:11.350
-Но што е со имплицитните трошоци
за започнување на Кисмет,

00:03:11.350 --> 00:03:13.820
како времето кое овие луѓе
го инвестирале, планирањето,

00:03:13.820 --> 00:03:17.060
и сега презентирањето на нивниот таканаречен
концепт на забава и јадење.

00:03:17.060 --> 00:03:20.010
-...и целиот овој тренд на
забава и јадење е навистина голем сега.

00:03:20.010 --> 00:03:21.260
Постојат многу ресторани,

00:03:21.260 --> 00:03:23.800
тие се концентрираат на обезбедување
на целосно искуство за клиентите.

00:03:23.800 --> 00:03:27.300
-Поентата е дека времето и талентот
не се наплаќаат

00:03:27.300 --> 00:03:31.910
па не претставуваат експлицитен трошок,
туку е имплицитен трошок.

00:03:31.910 --> 00:03:34.960
Исто важи и за повратот на
инвестицијата во Кисмет.

00:03:34.960 --> 00:03:36.140
Во најмала рака,

00:03:36.140 --> 00:03:39.610
инвеститорите ја гледаат разликата во каматата
која би ја заработиле во банката,

00:03:39.680 --> 00:03:42.100
па така и тоа е имплицитен трошок.

00:03:42.100 --> 00:03:44.350
И каде е лоцирано седиштето
на Кисмет?

00:03:44.350 --> 00:03:46.350
Во дополнителна соба во еден
од нивните апартмани?

00:03:46.350 --> 00:03:49.440
Тие може да ја изнајмуваат
таа соба на некој пријател наместо да ја користат.

00:03:49.440 --> 00:03:53.960
Па така, дури и дел од нивната кирија
може да се смета за имплицитен трошок.

00:03:53.960 --> 00:03:56.900
За да го претставиме ова, запамтете дека
сметководствениот профит

00:03:56.900 --> 00:03:59.580
се однесува само на експлицитните трошоци.

00:03:59.580 --> 00:04:03.070
Ако вашиот приход ги покрива
само нив, тогаш сте на позитивна нула.

00:04:03.070 --> 00:04:05.980
Ако останува повеќе од трошоците
па дури и некој мал износ,

00:04:05.980 --> 00:04:07.980
вие тогаш имате сметководствен профит.

00:04:07.980 --> 00:04:10.360
Но постои и сосема
друг вид на профит

00:04:10.360 --> 00:04:13.650
и се однесува на имплицитни трошоци.

00:04:13.650 --> 00:04:16.790
Ако твоите приходи ги покриваат
твоите имплицитни трошоци,

00:04:16.790 --> 00:04:20.060
како што е нормалниот поврат
кој го очекувате за вашето време и пари,

00:04:20.060 --> 00:04:22.260
тогаш сте оствариле нормален профит.

00:04:22.260 --> 00:04:25.780
Врската помеѓу двата видови
на профит треба да биде многу јасна.

00:04:25.780 --> 00:04:27.600
Ако сте оствариле нормален профит,

00:04:27.600 --> 00:04:30.270
тоа значи дека вашиот сметководствен
профит е доволно голем

00:04:30.270 --> 00:04:32.560
за да ги покриете вашите имплицитни трошоци,

00:04:32.560 --> 00:04:34.160
и тоа е сметководствен профит само

00:04:34.160 --> 00:04:37.200
затоа што вашиот приход веќе
ги покрива експлицитните трошоци.

00:04:37.200 --> 00:04:38.330
Сепак, излегува дека,

00:04:38.330 --> 00:04:41.130
вели економистот од Универзитетот
на Тексас Ден Хамермеш,

00:04:41.130 --> 00:04:42.470
тоа најчесто не се случува.

00:04:42.470 --> 00:04:44.740
-Сметководствените профити,
како што им кажувам на луѓето,

00:04:44.740 --> 00:04:47.700
се всушност она што го гледате на
извештајот за баланс на успех на една компанија.

00:04:47.700 --> 00:04:51.610
Целиот приход,
минус сите трошоци кои се плаќаат.

00:04:51.610 --> 00:04:52.800
Може да имаме пример каде

00:04:52.800 --> 00:04:55.870
тие прават сметководствен
профит од 1000 долари,

00:04:55.870 --> 00:04:57.540
но не го земаат
во предвид фактот

00:04:57.540 --> 00:05:00.120
дека акционерите не добиваат
назад пари за нивните инвестиции,

00:05:00.120 --> 00:05:02.300
затоа што јас сигурно не би сакал
да имам инвестирано пари

00:05:02.300 --> 00:05:04.140
во компанија која
не ми генерира

00:05:04.140 --> 00:05:05.690
никаков поврат на мојата инвестиција.

00:05:05.690 --> 00:05:07.690
-Ниту пак судиите на Бабсон.

00:05:07.690 --> 00:05:11.170
-...и вашиот план вели дека вие
ќе им понудите 30% провизија.

00:05:11.170 --> 00:05:12.170
-Да.

00:05:12.170 --> 00:05:13.680
-Емм... Се обидувам да разберам

00:05:13.680 --> 00:05:17.650
како ќе убедите некој
кој заработува 60 центи бруто маргина

00:05:17.650 --> 00:05:21.290
да го земе вашиот продукт
со 30% бруто маргина.

00:05:21.290 --> 00:05:26.270
-Еммм, па тоа е базирано на
иницијалната цена од 1.20 долари...

00:05:26.270 --> 00:05:29.620
-Затоа што тие се стартапи, најголем
дел од бизнисите кои се застапени тука

00:05:29.620 --> 00:05:32.290
ќе бидат среќни ако направат
било каков сметководствен профит.

00:05:32.290 --> 00:05:34.290
и уште посреќни ако заработуваат доволно

00:05:34.290 --> 00:05:37.890
за да ги покријат нивните имплицитни
трошоци и да направат нормален профит.

00:05:37.890 --> 00:05:40.950
Но, тоа што ваквите претприемачи
се надеваат е

00:05:40.950 --> 00:05:45.970
да успеат и да се збогатат со правење
на трет уште подобар вид на профит,

00:05:45.970 --> 00:05:48.260
економски профит

00:05:48.260 --> 00:05:49.860
кој е сметководствен профит

00:05:49.860 --> 00:05:55.040
кој го надминува покривањето
на сите експлицитни и имплицитни трошоци.

00:05:55.040 --> 00:06:00.990
Економскиот профит е грнето со злато
на крајот на виножитото.

00:06:00.990 --> 00:06:03.370
Па така, според нашиот
претходен пример,

00:06:03.370 --> 00:06:07.190
да речеме дека Кисмет направил
1000 долари сметководствен профит,

00:06:07.190 --> 00:06:11.900
но штом ќе ги земеме во предвид
имплицитните трошоци, да речеме 10.000 долари,

00:06:11.900 --> 00:06:14.680
компанијата не прави
нормален профит воопшто,

00:06:14.680 --> 00:06:17.990
и инвеститорите најверојатно
ќе изберат да ја напуштат индустријата

00:06:17.990 --> 00:06:19.990
и да прават нешто друго
со нивните пари.

00:06:19.990 --> 00:06:25.880
Но ако приходот се зголемува да речеме
од 301.000 долари на 310.000 долари,

00:06:25.880 --> 00:06:27.680
без дополнителни трошоци,

00:06:27.680 --> 00:06:30.240
компанијата ќе остварува
нормален профит

00:06:30.240 --> 00:06:33.280
и може да остане на конкуретниот пазар.

00:06:33.280 --> 00:06:37.430
Било кој нето приход над 310.000 долари,

00:06:37.430 --> 00:06:39.430
ако сите други бројки
останат исти.

00:06:39.430 --> 00:06:41.430
ќе биде економски профит,

00:06:41.430 --> 00:06:44.780
и тоа е крајната цел
на секој претприемач,

00:06:44.780 --> 00:06:47.790
супер нормална стапка на поврат.

00:06:47.790 --> 00:06:50.410
Па, за последен пат
еве ја сликата на профит.

00:06:50.410 --> 00:06:53.580
Покриј ги своите експлицитни трошоци
и ќе постигнеш позитивна нула.

00:06:53.580 --> 00:06:56.320
Се над тоа
е сметководствен профит.

00:06:56.320 --> 00:06:59.200
Заработи доволно за да ги покриеш
и твоите имплицитни трошоци

00:06:59.200 --> 00:07:01.200
и тогаш си остварил нормален профит.

00:07:01.200 --> 00:07:05.320
Ако заработиш повеќе од тоа
тогаш имаш економски профит.

00:07:05.320 --> 00:07:06.750
[публиката аплаудира]

00:07:06.750 --> 00:07:10.070
И токму тоа е она кон кое
што се стремат овие нови претприемачи.

00:07:10.070 --> 00:07:13.550
И за кое очајно се надеваат.

