WEBVTT

00:00:00.000 --> 00:00:02.772
Што ги прави богатите држави богати?

00:00:02.812 --> 00:00:05.296
Денеска ќе зборуваме зошто
најголем дел од луѓето

00:00:05.336 --> 00:00:07.505
имаат погрешен одговор
на ова прашање.

00:00:07.545 --> 00:00:14.942
[свири музика]

00:00:15.177 --> 00:00:18.059
Најголем дел од луѓето би рекле
дека една земја станува богата

00:00:18.099 --> 00:00:22.152
ако има природни ресурси,
како нафта или минерали или обработливо земјиште.

00:00:22.192 --> 00:00:26.243
Но ако тоа беше точно, Јапонија всушност
би била многу сиромашна земја,

00:00:26.283 --> 00:00:29.078
а многу африкански земји
би биле неверојатно богати.

00:00:29.118 --> 00:00:32.791
Па така, ако ресурсите не ја прават
една земја богата, што ја прави?

00:00:32.831 --> 00:00:34.076
Ќе ви раскажам две приказни.

00:00:34.116 --> 00:00:37.386
Ова е мост и аквадукт
во Јужна Франција.

00:00:37.426 --> 00:00:40.062
Изграден е од римјаните
пред околу 2000 години.

00:00:40.102 --> 00:00:43.252
За да го изградат, тие располагале само
со најосновните техники,

00:00:43.292 --> 00:00:46.540
многу камен и малтер,
едноставни лостови и макари,

00:00:46.580 --> 00:00:48.180
и многу работници.

00:00:48.220 --> 00:00:51.088
И, се уште стои
и после 2000 години.

00:00:51.128 --> 00:00:53.487
Ова е мостот Такома Нероуз.

00:00:53.527 --> 00:00:56.155
Изграден е во 1940 година
во сојузната држава Вашингтон,

00:00:56.195 --> 00:00:59.576
користејќи ги најсофистицираните
алати и техники кои биле достапни.

00:00:59.616 --> 00:01:03.171
Имале челик со висок квалитет, имале
армиран бетон и кранови

00:01:03.211 --> 00:01:06.335
но сепак мостот се срушил за помалку
од една година откако бил изграден.

00:01:06.375 --> 00:01:08.934
Па така, јасно е дека ресурсите не го објаснуваат

00:01:08.974 --> 00:01:11.591
успехот или пропаста на
овие два различни мостови.

00:01:11.631 --> 00:01:13.972
Тогаш што го објаснува? Стимулите.

00:01:14.012 --> 00:01:17.498
Римјаните секогаш ги тестирале
своите мостови пред да ги користат.

00:01:17.538 --> 00:01:20.657
Ќе наполнеле една огромна
волска кочија со тешки камења

00:01:20.697 --> 00:01:22.324
и ја возеле низ мостот.

00:01:22.364 --> 00:01:24.855
И ако мостот не се срушел
од притисокот на тешкиот товар,

00:01:24.895 --> 00:01:26.172
тогаш се сметал за безбеден за користење.

00:01:26.212 --> 00:01:27.955
Следи главната поента.

00:01:27.995 --> 00:01:30.940
Римјаните го терале човекот
кој го дизајнирал мостот

00:01:30.980 --> 00:01:33.266
да ја вози кочија низ самиот мост.

00:01:33.306 --> 00:01:35.772
Па така, имал навистина личен стимул

00:01:35.812 --> 00:01:38.084
да го изгради најсилниот
мост кој постоел.

00:01:38.124 --> 00:01:40.212
И токму затоа некои римски мостови

00:01:40.252 --> 00:01:42.402
се уште стојат и после 2000 години,

00:01:42.442 --> 00:01:44.992
а некои од нашите модерни
мостови се рушат.

00:01:45.032 --> 00:01:48.188
Нашата втора приказна се случува
на Корејскиот Полуостров,

00:01:48.228 --> 00:01:50.887
кој е поделен помеѓу
Јужна и Северна Кореја.

00:01:50.927 --> 00:01:53.091
Гледате сателитска снимка
која е направена ноќно време.

00:01:53.131 --> 00:01:56.189
Гледате дека Јужна Кореја е целосно
осветлена исто како соседна Кина,

00:01:56.229 --> 00:01:58.771
затоа што е просперитетна,
развиена економија.

00:01:58.811 --> 00:02:02.815
Исто може да ја видите и Северна Кореја,
која има сличен број на население,

00:02:02.855 --> 00:02:05.569
но е катастрофално
неразвиена земја.

00:02:05.609 --> 00:02:07.569
Како да се објасни оваа разлика?

00:02:07.609 --> 00:02:09.953
Па, овие две земји
ја имаат истата географија,

00:02:09.993 --> 00:02:13.499
истата клима и истите
ресурси. Па така, не е до тоа.

00:02:13.539 --> 00:02:17.786
Се до 1945 година, Северна и Јужна Кореја
беа една иста земја.

00:02:17.826 --> 00:02:20.174
Па така, делат иста историја,
истиот јазик,

00:02:20.214 --> 00:02:23.313
истата религија, истата култура.
Изгледа, не е ни тоа.

00:02:23.353 --> 00:02:27.320
Разликата е во тоа што Јужна Кореја
има пазарно ориентирана економија,

00:02:27.360 --> 00:02:30.271
и е демократска држава
од 1970-тите години.

00:02:30.311 --> 00:02:32.189
Северна Кореја, од друга страна,

00:02:32.229 --> 00:02:35.557
е една од последните во светот
комунистички диктаторски земји.

00:02:35.597 --> 00:02:38.243
Повторно, разликата е во стимулот.

00:02:38.283 --> 00:02:42.477
Пазарната демократија поставува стимули
за иновирање и инвестирање

00:02:42.517 --> 00:02:44.997
кои не постојат во
комунистичка диктаторска земја,

00:02:45.037 --> 00:02:48.714
и стимулите објаснуваат
зошто Јапонија која е сиромашна со ресурси

00:02:48.754 --> 00:02:52.838
е всушност многу богата додека
многу африкански земји се многу сиромашни.

00:02:52.878 --> 00:02:55.544
Јапонија е демократија,
има владеење на правото,

00:02:55.584 --> 00:02:56.949
и ги заштитува имотните права,

00:02:56.989 --> 00:03:00.879
и сите тие институции создаваат
стимули за економски раст.

00:03:00.919 --> 00:03:03.603
Од друга страна, од различни
историски причини,

00:03:03.643 --> 00:03:06.919
многу земји во развој
ги немаат тие институции

00:03:06.959 --> 00:03:09.716
што значи деа нивните граѓани
имаат помалку стимул

00:03:09.756 --> 00:03:11.204
да инвестираат и иновираат.

00:03:11.244 --> 00:03:13.626
Ефектот на стимулите е толку силен

00:03:13.666 --> 00:03:16.354
што може да се види од вселената.

00:03:16.394 --> 00:03:18.761
Кој е тој Екон дечко?

00:03:18.801 --> 00:03:21.736
Јас сум Патрик Волш. Јас сум вонреден
професор по економија

00:03:21.776 --> 00:03:24.320
од Св. Мајклс Колеџот
близу Бурлингтон, Вермонт.

