WEBVTT

00:00:00.264 --> 00:00:04.260
- Здраво, ова комплетно треба да ве распамети.

00:00:04.260 --> 00:00:06.690
Ја покажувам оваа мала пластична картичка

00:00:06.690 --> 00:00:09.090
на непознато лице во град
во кој никогаш не сум бил,

00:00:09.090 --> 00:00:12.660
а тој ми дава книги или
намирници или мобилен телефон,

00:00:12.660 --> 00:00:14.520
или пак ми позајмува кола,

00:00:14.520 --> 00:00:16.980
а јас можам дури и да го одложам
плаќањето до недоглед,

00:00:16.980 --> 00:00:19.770
иако тоа ќе ме чини многу скапо.

00:00:19.770 --> 00:00:22.399
Се до неодамна, кредит им се
даваше само на најбогатите

00:00:22.399 --> 00:00:24.120
и најпочитуваните.

00:00:24.120 --> 00:00:25.734
Сите други мораа да имаат готовина

00:00:25.734 --> 00:00:28.230
освен ако не сакаа
да се понижуваат

00:00:28.230 --> 00:00:32.700
со молење на нивниот локален банкар,
или полошо, нивните родители.

00:00:32.700 --> 00:00:37.650
Но наеднаш, оваа мала работа
ги демократизираше финансиите.

00:00:37.650 --> 00:00:38.483
Ти благодарам многу.

00:00:40.400 --> 00:00:43.067
[интензивна музика]
Ново и Подобрено со Јохан Норберг

00:00:44.700 --> 00:00:46.237
После Втората Светска Војна,

00:00:46.237 --> 00:00:49.410
финансиските пионери сакаа да
им даваат кредити на сите.

00:00:49.410 --> 00:00:53.100
Фасцинантна идеја, но неверојатно
тешка за да се изведе.

00:00:53.100 --> 00:00:54.930
Луѓето не би добиле кредитна картичка

00:00:54.930 --> 00:00:57.450
освен ако многу продавачи не би
биле согласни да ги прифатат истите

00:00:57.450 --> 00:00:59.340
а продавачите не би ги прифатиле

00:00:59.340 --> 00:01:01.759
освен ако не ги користат многу луѓе.

00:01:01.759 --> 00:01:06.759
Тогаш, во 1958 година, Банка на Америка
одлучи да им испрати кредитни картички

00:01:06.810 --> 00:01:09.870
на сите свои клиенти
во Фресно, Калифорнија,

00:01:09.870 --> 00:01:12.699
а тоа ги инспирираше другите
банки да го направат истото.

00:01:12.699 --> 00:01:15.840
Тоа беше катастрофа.

00:01:15.840 --> 00:01:20.070
Криминалци ги крадеа кредитните
картички од поштенските сандачиња и правеа измами,

00:01:20.070 --> 00:01:23.190
додека голем број клиенти многу лошо
управуваа со нивните кредитни линии

00:01:23.190 --> 00:01:26.850
резултирајќи во лоши заеми
за кои банките мораа да плаќаат.

00:01:26.850 --> 00:01:28.320
Тие изгубија милиони

00:01:28.320 --> 00:01:32.160
а политичарите сакаа да ги забранат
новите луди картички.

00:01:32.160 --> 00:01:33.463
Тоа беше хаос,

00:01:33.463 --> 00:01:38.040
но исто така создаде и критична
маса на корисници на кредитни картички.

00:01:38.040 --> 00:01:40.890
Авторот Џозеф Носера вели дека ветераните

00:01:40.890 --> 00:01:45.750
на индустријата за кредитни картички
гледаат на тој див запад период како потреба.

00:01:45.750 --> 00:01:48.210
Банките мораа да научат
од своите грешки

00:01:48.210 --> 00:01:49.520
за да изградат огромни мрежи

00:01:49.520 --> 00:01:52.170
кои ги овозможуваат меѓународните системи

00:01:52.170 --> 00:01:54.870
на кредит кои денеска ги уживаме.

00:01:54.870 --> 00:01:57.180
А луѓето кои ги издаваат
кредитните картички станаа

00:01:57.180 --> 00:02:00.720
втора најплатената група
на вработени во банкарските

00:02:00.720 --> 00:02:02.070
и кредитни индустрии,

00:02:02.070 --> 00:02:04.020
што значи дека нови кариери се создадоа

00:02:04.020 --> 00:02:06.825
заедно со овие практични картички.

00:02:06.825 --> 00:02:09.900
Напредокот не е ниту лесен ниту предвидлив.

00:02:09.900 --> 00:02:14.130
Напредокот настанува преку пробување
грешење, експерименти, отпор,

00:02:14.130 --> 00:02:18.573
одговор и адаптација, и неколку
катастрофи попатно.

00:02:22.140 --> 00:02:24.150
Хеј! Погледнете ги и другите супер видеа

00:02:24.150 --> 00:02:25.860
на Free to Choose Network,

00:02:25.860 --> 00:02:27.900
и не заборавајте да се претплатите
на нашиот канал

00:02:27.900 --> 00:02:29.670
за да дознаете за епизодите

00:02:29.670 --> 00:02:33.093
од “Ново и Подобрено“ заедно
со мене, Јохан Норберг.

