WEBVTT

00:00:00.000 --> 00:00:01.658
Популарните бизнис медиуми

00:00:01.698 --> 00:00:03.770
често ги претставуваат претприемачите
како херои

00:00:03.810 --> 00:00:07.488
супер луѓе, визионери, полни со самодоверба
и луѓе кои ризикуваат на големо.

00:00:07.528 --> 00:00:09.735
Па така, може лесно да заклучите,

00:00:09.775 --> 00:00:11.735
затоа што вие не сте
супермен или жена чудо,

00:00:11.775 --> 00:00:13.537
дека никогаш нема да станете претприемач.

00:00:13.577 --> 00:00:17.181
Епа, излегува дека најголем дел од
овие перцепции се погрешни.

00:00:17.221 --> 00:00:18.251
Грешката лежи во фактот

00:00:18.291 --> 00:00:21.589
дека најголем дел од текстовите се фокусирани
на однесувањето на претприемачот.

00:00:21.629 --> 00:00:23.285
Ако го мислите тоа, ќе заклучите дека

00:00:23.325 --> 00:00:25.668
вие треба да бидете
Бил Гејтс или Мајкл Дел.

00:00:25.708 --> 00:00:28.771
Но, ако погледнете како
претприемачите размислуваат,

00:00:28.811 --> 00:00:30.862
ќе откриете едноставна
директна логика

00:00:30.902 --> 00:00:32.862
која му е достапна на секого.

00:00:32.902 --> 00:00:35.158
Чекор еден: Тие се осигуруваат
дека тоа што планираат да го прават

00:00:35.198 --> 00:00:36.793
е нешто за кое навистина се грижат,

00:00:36.833 --> 00:00:39.651
од причина што е глупаво да се впуштите
во непознато ако истото не го сакате.

00:00:39.691 --> 00:00:41.651
Чекор два: не мислат премногу

00:00:41.691 --> 00:00:43.651
ниту пак се грижат за работите
кои можат да се случат.

00:00:43.691 --> 00:00:46.914
Наместо тоа, тие почнуваат бизнис многу брзо,
и со она што го имаат при рака

00:00:46.954 --> 00:00:49.350
и прават мали, паметни чекори
кон нивната цел

00:00:49.390 --> 00:00:51.350
за да видат што ќе се случи.

00:00:51.390 --> 00:00:54.305
Откако ќе ги преземат овие чекори,
евалуираат што научиле,

00:00:54.345 --> 00:00:56.760
и ако им се допаѓаат резултатите/преземаат нови такви чекори.

00:00:56.800 --> 00:00:59.452
Со други зборови: Делувај, Учи, Повторувај.

00:00:59.492 --> 00:01:01.587
Нема ништо суперменско во ова.

00:01:01.627 --> 00:01:05.919
Оваа логика на сериските претприемачи
ја насловивме како СОЗДАКЦИЈА.

00:01:05.959 --> 00:01:08.924
Дозволете да ја објасниме создакцијата преку
споредба со еден начин на размислување

00:01:08.964 --> 00:01:12.574
со кој сите добро сме запознаени,
и кој ќе го наречеме ПРЕДВИДУВАЊЕ.

00:01:12.614 --> 00:01:15.702
Предвидувањето вклучува логичко
создавање на слика за иднината,

00:01:15.742 --> 00:01:18.036
која се заснова на тоа
што се случило во минатото.

00:01:18.076 --> 00:01:19.855
Потоа се презема планирана и смислена акција,

00:01:19.895 --> 00:01:23.201
оптимизирана за да добиете тоа што сакате
во таа замислена иднина.

00:01:23.241 --> 00:01:26.457
Предвидувањето функционира одлично
кога работите навистина се предвидливи.

00:01:26.497 --> 00:01:29.220
На пример, можете да го предвидете
трендот на светската популација

00:01:29.260 --> 00:01:30.946
во 2050 година,

00:01:30.986 --> 00:01:33.642
затоа што е позната дистрибуцијата
на денешната популација,

00:01:33.682 --> 00:01:35.749
и трендовите
на стапките на раѓање.

00:01:35.789 --> 00:01:39.370
Во една таква ситуација, предвидувањето
на иднината е едноставна.

00:01:39.410 --> 00:01:41.659
Но во ситуации кога не е,
кога се обидувате да утврдите

00:01:41.699 --> 00:01:44.021
дали новиот бизнис кој сакате да
го започнете ќе функционира,

00:01:44.061 --> 00:01:45.853
или дали некоја симпатична девојка
која сте ја сретнале петок навечер

00:01:45.893 --> 00:01:49.521
ќе сака да излезе со вас,
предвидувањето не е баш од голема помош.

00:01:49.561 --> 00:01:51.810
Единствениот начин да откриете е да делувате.

00:01:51.850 --> 00:01:54.278
Токму во таков случај настапува создакцијата.

00:01:54.318 --> 00:01:57.244
Истражувањето покажува дека
постојат четири елементи поврзани со истото.

00:01:57.284 --> 00:01:59.425
Започни бизнис брзо
со она што го имаш при рака.

00:01:59.465 --> 00:02:02.313
Инвестирај онолку колку што можеш
да си дозволиш и да изгубиш.

00:02:02.353 --> 00:02:04.585
Не започнувај сам,
вклучи и други луѓе.

00:02:04.625 --> 00:02:06.829
И на крај, гради го бизнисот
со тоа кое го постигнуваш

00:02:06.869 --> 00:02:09.238
и резултатите кои произлегуваат
од твоите постапки.

00:02:09.278 --> 00:02:12.298
Како што можете да видите, се сведува
на она за кое зборувавме претходно:

00:02:12.338 --> 00:02:14.298
Делувај, Учи, Повторувај.

00:02:14.338 --> 00:02:16.161
Секој може да го користи
овој начин на размислување,

00:02:16.201 --> 00:02:19.456
не само претприемачите.
Ова е здраворазумен пристап

00:02:19.496 --> 00:02:21.456
за сите кои се упатуваат кон непознатото.

00:02:21.496 --> 00:02:24.400
Луѓето успешно го користат овој пристап
за општествени проекти,

00:02:24.440 --> 00:02:27.943
во нивните цркви, при изградба на
втор дом на невообичаени места,

00:02:27.983 --> 00:02:31.875
и при носење на одлуки за промена
на место на живеење или промена на кариера.

00:02:31.915 --> 00:02:34.131
Создакцијата не е
ветување за успех.

00:02:34.171 --> 00:02:36.881
Нема задолжително да ги подобри
шансите на било кое делување,

00:02:36.921 --> 00:02:39.387
или успехот на која било
конкретна идеја.

00:02:39.427 --> 00:02:41.508
Нејзината моќ всушност
ви овозможува

00:02:41.548 --> 00:02:44.095
да делувате порано и со помали трошоци.

00:02:44.135 --> 00:02:46.245
Па така, ќе можете да пробувате
многу работи

00:02:46.285 --> 00:02:48.031
во текот на ист временски период.

00:02:48.071 --> 00:02:50.626
Некои ќе пропаднат,
но некои ќе успеат.

00:02:50.666 --> 00:02:54.224
Во секој случај, создакцијата
секогаш ќе ве држи во живот

00:02:54.264 --> 00:02:55.845
за да можете повторно да се обидувате.

00:02:55.885 --> 00:02:58.163
Така, во текот на неколку години

00:02:58.203 --> 00:03:02.143
веројатноста за успех на една од
вашите идеи се зголемува драматично.

00:03:02.183 --> 00:03:04.871
Дополнително, колку повеќе ја
применувате создакцијата,

00:03:04.911 --> 00:03:06.717
толку повеќе таа станува вашиот втор карактер,

00:03:06.757 --> 00:03:09.322
и толку подобри ќе станете
во навигирање во несигурни времиња

00:03:09.362 --> 00:03:11.154
во сите области од животот.

00:03:11.194 --> 00:03:13.427
И како други луѓе ќе ви се приклучуваат
со нивните лични патешествија,

00:03:13.467 --> 00:03:15.822
општеството како целина ќе има повеќе корист.

00:03:15.862 --> 00:03:19.291
Преземете копија од нашата книга
“Делувањето победува се“,

00:03:19.331 --> 00:03:21.331
Со дозвола од Колеџот Бабсон

